Цел на програмата
Учесникот со изучување на програмата Full-stack кодер ќе ги реализира следниве цели:
- Да користи HTML, CSS & Sass и правење на високо-квалитетни “eye-catching” и респонзивни веб страници и UI решенија;
- Да користи Git како моќен и широко користен систем за контрола на верзии кој овозможува ефикасна соработка, управување со кодови и следење на промените во проектите за развој на софтвер;
- Да се стекне со вештини за работа на платформата (framework) Bootstrap и објаснува начини за користење на Bootstrap;
- Да користи бази на податоци преку практична употреба и вежба на сите дата бази и податоци;
- Да користи PHP – кодирање во најпопуларниот server-side програмски јазик на денешницата;
- Да користи JavaScript, најчесто користениот програмски јазик на денешницата;
- Да користи Laravel, PHP веб-рамка со отворен код, која обезбедува елегантна и интуитивна синтакса, што им олеснува на програмерите да градат робусни и скалабилни веб-апликации.
Начин на реализација
Програмата се реализира преку практична и теоретска настава и води до стекнување на сертификат за Full-stack кодер.
Начин на оценување:
За време на програмата континуирано се оценува напредокот за сите активности на учесникот, за да се утврди неговото знаење и стекнати компетенции согласно критериумите за оценување на секој модул. Во реализацијата на програмата ќе се применуваат современи наставни методи кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.
Модули на програмата:
МОДУЛ 1 – Основи за развој на веб-апликации;
МОДУЛ 2 – Позадинско програмирање и развој базиран на обработка и интеракција на податоци
МОДУЛ 3 – Основи на интерактивност и надворешен изглед на веб-апликации;
МОДУЛ 4 – Кариерен раст и професионален развој, совладување на Agile Scrum методологија и Freelancing во технолошката индустријa.
Времетраење:
Времетраењето на програмата e 272 наставни часа од кои 134 се теоретска обука и 138 се практична обука.
Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно по утврден распоред.
Вреднување на постигнувањата:
Оценувањето на постигнувањата на учесниците ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и постигнувањата во текот на целата обука (теоретска и практична).
На крај се изработува и презентира завршна проектна задача во која се применуваат програмските јазици кои се изучуваат како дел од програмата на Full-stack кодер, преку што се дефинираат стекнатите вештини и компетенции.
По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:
- Пишува програми со употреба на HTML во програмот Visual Studio Code;
- Пишува HTML елементи со помош на CSS;
- Пишува HTML елементи со помош на Sass;
- Користи Git софтвер како сервис за споделување код и соработка помеѓу девелопери;
- Користи Bootstrap веб-рамка за да креира респонзивни веб-страници и веб-апликации;
- Интерпретира и оперира со бази на податоци преку практична употреба;
- Користи структурно-ориентирано кодирањe во PHP;
- Користи објектно-ориентирано кодирање во PHP;
- Креира страница во Laravel која ќе биде употребувана и ја увидува нејзината функционалност;
- Пишува JavaScript код користејќи соодветна синтакса, функции, низи, променливи и елементи;
- Креира најразлични профили на апликации и веб страници со помош на jQuery & Ajax;
- Користи Agile Scrum методологија;
- Имплементира основни знаења за хонорарска работа и ги применува критериумите за учење за ефективно да се справи во хонорарната индустрија.
Сертификат
Учесникот кој успешно ќе ја заврши обуката и изработи завршен проект, ќе се стекне со сертификат за успешно завршена посебна програма „Full-stack кодер“.
Просторни услови
Наставата се одвива комбинирано во училница, со работни услови за следење на наставата за секој учесник, при што се користи опрема за презентација која вклучува проектор, лаптоп, звучници, микрофон, платно за проектирање, и дополнителна IT опрема зависно од модулот на изучување и учење на далечина кое се одвива онлајн преку апликацијата Zoom како и преку специјална платформа за учење креирана од Бреинстер.
Напредување од програмата
Програмата нуди можност за кариерно напредување на учесникот кон повисоки нивоа на кодирање, креирање на веб-страници и апликации и слично, како и препознатливост на професијата со вклучување на пазарот на труд преку вработување во компанија или друга самостојна работа.
Верификацијата истекува во мај 4, 2026