Главна цел на програмата е учесниците да стекнат компетенции од областа на дигитален маркетинг – да изработат веб сајт со модерен дизајн и да користат веб аналитика, самостојно да подготват маркетинг стратегија, online промоција и продажба на одреден производ или услуга. Учесниците ќе добијат вештини и знаења од областа на маркетинг активности за креирање кампањи на социјалните мрежи Facebook, Twitter, Instagram и LinkedIn – дизајн и поставување платени реклами од текст, слика, постови и таргетирање на публика и секако безбедност на интернет.
Програмата опфаќа содржини од областа на дигитален маркетинг (дигитална маркетинг стратегија, маркетинг на социјални мрежи – Copywriting, Canva), веб дизајн (WordPress) и Cyber security (безбедност на интернет).
За да се стекнат потребните знаења и вештини планирани се 125 часа, теорија 50 и 75 часа пракса кои може да се реализираат со динамика (3х3 часа неделно). Така планираните содржини од Програмата би се реализирале за период од околу 3 месеци).
Групите се формираат по претходно интервју и дијагностичко тестирање на предзнаењата на учесниците од областа на основни познавања за работа со компјутер и користење на интернет.
Вреднувањето на знаењата ќе се врши континуирано во текот на наставата: ќе се следи редовноста на учесниците, активноста на часот, исполнителноста при изработка на задачи и постигнувањата на контролните тестови.
По завршувањето на обуката, учесниците полагаат завршен испит. Учесниците кои го положиле завршниот испит, односно постигнале најмалку 60% од вкупниот број поени и редовно ја посетувале обуката, т.е. биле присутни на најмалку 70% од часовите, ќе се стекнат со Сертификат Дигитален маркетер. Учесниците што нема да го положат завршниот испит, а биле присутни на минимум 70% од часовите, ќе добијат Потврда за посетување на обуката.
Со успешно завршување на обуката учесниците ќе добијат одлична основа за понатамошно напредување и надоградба на знаењата од областа на дигитален маркетинг и секако можност да се вклучат на пазарот на трудот како вработени лица во фирма или да започнат сопствен бизнис.
Верификацијата истекува во декември 11, 2026