Главна цел на програмата е учесникот да се стекнесо знаења, вештини и компетенции за занимањето Шминкер, со кои ќе може самостојно да ja организира сопствената работа, да го подготвува салонот и клиентот за шминкање, да советува клиенти за избор на шминка, да подготвува и изведува шминка на лице, да комуницира со клиентите, да води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, да води грижа за здравјето и околината, да води евиденција и изготвува пресметка за извршената работата.
Времетраењето на програмата е 200 часа од кои 60 часа теоретска обука, 140 часа се практична обука во реални работни услови.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука. Програмата е изготвена врз основа на стандард на занимање. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата. Теоретската настава ќе се одвива во специјализирани опремени простории на Приватна образовна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ Штип под менторство на обучувач. Потребните знаења, вештини и компетенции за занимањето шминкер ќе се стекнат преку теоретски содржини кои ќе се реализираат во опремена просторија и практична обука која ќе се реализира во салон за шминкање. За време на практичната обука на учесниците ќе им биде доделен ментор.
Вреднувањето на постигнувањата на учесниците се спроведува по завршувањето на секој модул, а после целосна реализација на сите модули со спроведување на завршен испит, преку кој ќе се проверуваат стекнатите вештини и компетенции. Завршниот испит се состои од теоретски и практичен дел.
По успешно завршена обука и со положен завршен испит, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Шминкер“.
Верификацијата истекува во февруари 6, 2026