Програмата „Фризер за жени“ претставува посебна програма за стекнување знаења, вештини и способности на учесниците. Основна цел е кандидатот да се стекне со стручни компетенции односно да биде стручно-работно оспособен за самостојно изведување работи и работни задачи како како фризер за жени.
Програмата ќе се реализира во времетраење од 3 месеци, во два дела,теоретски со планирани 48 часа и практичен дел со планирани 192 часа организирана во 8 (осум) модули:
-Организација на работа во фризерски салон
-Градба на косата
-Миење и нега на косата
-Потстрижување на косата
-Обликување на косата
-Боење и белење на косата
-Фризури
-Претприемништво и бизнис
По завршување на обуката учесникот ќе биде оспособен да :
-познава организација на работа во фризерски салон
-избира препарати за миење на коса
-подготовува работно место и клиент за потстрижување
-применува техники на потстрижување
-составува рецепти за боење и белење на коса во зависност од применетата техника
-применува разни техники на обликување на коса
-изработува фризури според намена и стил
-познава права од работен однос и основните начела за оварање на сопствен бизнис
Наставата ке се одвива со користење на повеќе методи: предавања, дискусии во група, набљудување, практична настава и индивидуална настава на работно место, во кабинет за настава и фризерски салон.
Реализација на теоретскиот дел ке се одвива во кабинет од страна на обучувачи со завршено високо образование, медицински факултет, доктор на медицина и економски факултет, дипломиран економист.Практичниот дел од обуката ке се реализира во фризерски салон од страна на обучувачи со завршено образование од профилот фризер.
Оценување и вреднување на постигањата на секој учесник во програмата ќе се изведува тековно, после секој завршен модул и завршен испит кој ке се спроведе по завршување на предвидената обука.
Учесникот кој со успех ќе го положи завршниот испит ќе се здобие со сертификат за стручно-работно оспособување за занимањето “Фризер за жени”
Верификацијата истекува во април 8, 2025