СУШЕЊЕ НА ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата „Сушење на овошје и зеленчук“ се состои од 225 часа, од кои 125 часа се теоретски дел, a 100 часа се практична настава . Периодот на реализација на програмата е 3 (три) месеци.

Целта на оваа програма е кандидатот да стекне компетенции за сушење на овошје и зеленчук.

По реализација на програмата  кандидатот може да се вработи во производствени погони за сушење на овошје и зеленчук, во погони за преработка на овошје и зеленчук, или  има  можност за отворање на сопствен бизнис. По завршување на програмата кандидатот кој ќе ја следи оваа програма ќе биде способен да:

 

  • организира процес на сушење на овошје и зеленчук;
  • спроведува процес на сушење на овошје и зеленчук во согласност со пропишаните стандарди за сушење на овошје и зеленчук;
  • спроведува контрола на квалитетот на суровината, технолошкиот процес на сушење и контрола на квалитетот на крајниот производ;
  • ја одржува опремата за сушење, складирање и пакување;
  • одржува хигиената во работните простории и личната хигиена;
  • ги почитува законските прописи за безбедност и здравје при работа и заштитата на животната средина;
  • го применува НАССР контролниот систем и нормативи и стандарди за квалитет од областа на прехранбената индустрија;
  • изработува калкулации на производи;
  • соработува и соодветно комуницира со добавувачи на свежо овошје и зеленчук, работниот тим и раководителот;

 

Теоретскиот дел се одржува во предавална со капацитет од 40 места, WiFi, LCD, табли и друга опрема за презентација;

Практичниот дел се реализира во Погон за доработка и сушење  на овошје и зеленчук /  Подружница бр. 2 – Струмица, при Здружението „ИЗБОР“

Реализацијата на наставата ќе се одвива во согласност со модулите застапени во програмата.

По завршување на програмата кандидатот се стекнува со сертификат

„Оператор за сушење на овошје и зеленчук“.

Верификацијата истекува во август 17, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Të paktën 18 vjeç

Arsimi fillor minimal i përfunduar

Inspektimi sanitar ekzekutiv

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

125

Пракса

100

Оценување

0

Вкупен број на часови

225

Датум на верификација

17/08/2022

-

КОМПОСТИРАЊЕ

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content