Програмата има за цел учесникот да се стекне со практично познавање, а подоцна и примена на стекнатото знаење и можност за поголема конкурентност на пазарот на труд.
Квалитетната сметководствена едукација е важна. Програмата практично ги воведува и почетниците кои немаат предзнаења од оваа област, а и тие кои носат знаење од средните економски училишта или факултетите.
Предвидено е работа во група до 10 учесници, што резултира со голем успех кај сите учесници. Работиме со добра опрема- секој учесник добива свој лаптоп за време на едукацијата на кој е инсталиран професионален сметководствен софтвер. Добива прирачник и свој регистар со реални документи, кои го потенцираат секој сегмент од работењето на една компанија, а со книжење на истите се симулира реално сметководство на таа компанија.
Програмата резултира сè за сметководство во деловно планирање, анализирање и евидентирање на трансакции, книжења по финансиски извештаи, комплетирање на сметководствен циклус, капитал, интерни контроли и целокупно сметководство кај правни субјекти – профитни и непрофитни.
Временска рамка:
17 недели- 102 часа и 48 часа пракса, вкупно 150 часа
(два пати неделно по 3 часа и секоја втора недела по 6 часа пракса)
Верификацијата истекува во декември 20, 2025