Слаткар

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

 

Главна цел на обуката е учесниците да се стекнат со знаења, вештини и компетенции од занимањето слаткар.

Учесникот по завршување на обуката ќе биде оспособен да работи во угостителски објекти и слаткарски работилници.

Учесникот ќе биде оспособен да подготвува и извршува разни видови слаткарски производи согласно рецептури, како и подготовка и декорација на слаткарски производи.

Ќе биде оспособен да користи разни техники и процеси на обработка и приготвување на тесто, кремови, пудинзи, мусови, сладоледи, премази и преливи, како и користење на правилна техника за прилагодување на температурата за печење и ладење на секој одделен производ. Оспособен е да користи соодветни алати и опрема за подготовка на слатките и нивна декорација. Оспособен е да врши комбинирање на производи за декорација и декорација на слаткарските производи.

Оспособен е да разликува и користи видови опрема и инвентар за сервирање на слаткарските производи.

Применува стандарди со кои се контролира квалитетот и безбедносна исправност на производите и намирниците кои ги користи во процесот на производство на слаткарските производи, како и стандарди за одржување на хигиената.

Комуницира со соработниците, клиентите и претпоставените.

Начин на реализација: Теоретскиот дел од обуката ќе се спроведува во времетраење од 46 часа, а практичниот дел од обуката во времетраење од 154 часа.

Проверката на знаењето ќе биде спроведен со завршен испит кој се состои од теоретски и практичен дел.

Учесникот ќе се стекне со Сертификат „Слаткар “

Верификацијата истекува во јуни 13, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Со завршено најмалку основно образование или ниво НРК и возраст над 18 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

46

Пракса

147

Оценување

7

Вкупен број на часови

200

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content