Сервисер за електронски системи на автомобили

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при  детектирање и отстранување на електричнитеи електронските   неисправности кај моторните возила.

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава  во два модула:

Времетраење на програмата е 250 часа од кои 70 часа се предвидени за теоретска настава за модул 1,  5 часа за практична настава за модул 1, а 175 часа се предвидени за практична настава за модул 2. Наставата се реализира од понеделник до петок . Теоретската обука се одвива во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по електротехника,  а практичниот дел со дип. инж. по електротехника , автоелектроничар со 3 год. работно искуство или обучувач со постсредно стручно образование.Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на модул 1 ,а со завршен испит по завршувањето на модул 2.По успешно положен тест и завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнуваат со сертификат  Сервисер за електронски системи на автомобили.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата е потребно да имаат завршено најмалку средно образование со двегодишно траење

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

70

Пракса

180

Оценување

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

21/04/2021

-

Автомеханичар

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content