Посебната програма за стекнување на квалификации за референт за плати и надоместоци на вработените е конципирана за:
- Стекнување на познавања за уредување на платата, надоместокот за плата и останатите надоместоци на вработени, согласно правната регулатива во Република С. Македонија;
- Стекнување на познавања за уредување на придонесите за задолжително социјално осигурување, согласно правната регулатива во Република С. Македонија;
- Стекнување вештини за пресметка и книговодствена евиденција на платите, надоместоците од плати, придонесите за задолжително социјално осигурување и данокот на личен доход;
- Стекнување на вештини за соодветен внес (обработка) на платите и надоместоците на вработените во електронските системи на Управата за јавни приходи: e-pdd и MPIN.
Програмата е конципирана од три модули. Првиот модул опфаќа запознавање со одредбите за плати и надоместоците на вработените согласно правната регулатива во Република С. Македонија.
Вториот модул опфаќа запознавање со одредбите за придонеси и даноци на плати согласно правната регулатива на Република С. Македонија и запознавање со електронските системи на Управата за јавни приходи за внос на платите, придонесите и даноците на плати.
Третиот модул опфаќа обука за пресметка, сметководствена евиденција и обработка во електронските системи на Управата за јавни приходи на бруто платите и надоместоците на вработените.
Програмата ќе трае 100 часови, а часовите ќе се одржуваат еднаш до двапати неделно.
Со успешно завршување на оваа програма учесниците ќе се специјализираат со знаења и вештини барани на пазарот на трудот.
Верификацијата истекува во април 7, 2026