Регрутер

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Цел на програмата

 

Целта на Програмата за Регрутер е да се стекнат следниве вештини:

–        Користење на најдобри практики за пребарување и таргетирање на кандидати, техники за оценка и техники за тестирање и интервјуирање;

–        Унапредување на комуникациски вештини потребни за успешно регрутирање, вклучувајќи писмена и усмена комуникација;

–        Разбирање на влијанието на компанискиот бренд врз регрутните напори и претставување на компанијата како атрактивна можност;

–        Развој на вештини за креирање и извршување на ефективен процес на онбординг за новите вработени.

Начин на реализација

Програмата ќе се реализира со 7 модули:

Теорија: 68 часа

Пракса: 41 часа

Начин на оценување: За време на програмата континуирано се оценува напредокот на активностите на учесникот, со цел да се утврди неговото знаење и стекнати компетенции согласно критериумите за оценување на секој модул.

Времетараење на програмата: 109 часа

Се стекнува со сертификат: Регрутер

 

Организација на наставата

 

Програмата за Регрутер трае 10 недели и вклучува 7 модули. Програмата е структуирана од повеќе видови на активности и вклучува:

−                    Хибриден дел (онлајн предавања, видео лекции, текстуални лекции и задачи-квизови-мини проекти): во просек од 6 часа неделно;

−                    Самостојно учење: просек од 6 часа неделно;

−                    Час во живо:  2 предавања  во текот на обуката со времетраење од 3-4 часа

−                    Вкупно траење на програмата: 109 часа

Наставата се одвива комбинирано онлајн предавања, видео лекции и со физичко присуство. Предавањата се во времетраење од 2 саати, секогаш попладне, во комбинација понеделник/среда/петок. Се работи за комбинирана настава во училница при што се користи опрема за презентација која вклучува проектор, лаптоп, звучници, микрофон, платно за проектирање, и учење на далечина кое се одвива онлајн преку апликацијата Zoom како и преку специјална платформа за учење креирана од Бреинстер. Покрај активностите по распоредот, неопходно е дополнително учење, решавање на домашни задачи и работа на реални проекти во времетраење од 20 саати неделно доколку учесникот цели да совлада максимум од она што се учи на програмата.

 

За време на програмата континуирано се оценува напредокот за активностите на учесникот, за да се утврди неговото знаење и стекнати компетенции согласно критериумите за оценување на секој модул. Истото се врши преку нашиот Learning Management System – Brainster Learn (систем за менаџирање на учење) каде секој учесник има свој профил и може во реално време да го види својот напредок и успех кој се мери врз основа на повеќе параметри како: присуство на часовите, резултати од квизовите, резултати од тестовите, резултати од хакатоните, решени домашни задачи со соодветни оцени, успехот покажан за време на реалните проекти итн.

 

При реализација на наставата се користат следните дидактички методи:

–          комбинација на теоретска и практична настава;

–          работа на реални проекти;

–          анализа на студии на случај;

–          самостојно учење преку изработка на домашни задачи и проекти;

–          сесии со други учесници за решавање на предизвици;

–          интернет платформа за учење.

 

Верификацијата истекува во јули 24, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Право на учество во оваа програма имаат:

–          Кандидати со завршено средно образование кои сакаат професионално да се надоградат или пак сакаат да се преквалификуваат.

Задолжителен услов за упис е интервју со стручен тим со што се носи конечната одлука за упис на кандидатот на оваа програма.

Факултативно учесниците добиваат подготвителна програма со цел самоевалуација како и проценка и одредување на соодветното ниво и потребните предзнаења и основи за да започнат со курсот.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

68

Пракса

41

Оценување

Вкупен број на часови

109

Датум на верификација

24/07/2024

-

Дигитален маркетер

Front-end програмер

Дигитален маркетер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content