Ракувач со градежна механизација

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот  да стекне знаења, вештини и компетенции  за самостојно ракување и управување со градежна механизација на терен применувајќи безбедност при работа, да развива способности за прецизност и одговорност при изведување на работни операции со градежна механизација согласно проект и инструкции и да ја одржува механизацијата во исправна состојба.

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава  во два модула:

Времетраење на програмата е 250 часа од кои 60 часа се предвидени за теоретска настава и 190 часа за практична настава. Наставата се реализира од понеделник до петок . Теоретската обука се одвива во училница/кабинет опремен за теоретска настава под менторство на дипл.инж.по машинство,сообраќај или градежништво,  а практичниот дел во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по  машинство,сообраќај или градежништво,  ракувач со градежнa механизација со  3 год. работно искуство .Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на модул 1 ,а со завршен испит по завршувањето на модул 2.По успешно положен тест и завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнуваат со сертификат  Ракувач со градежна механизација.

Верификацијата истекува во мај 27, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Pjesëmarrësit në program duhet të kenë përfunduar së paku arsimin fillor dhe të jenë të paktën 17 vjeç

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

60

Пракса

190

Оценување

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

27/05/2022

Тетово

Готвач

Плочкар

Армирач

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content