Ракувач на дигалки

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Оваа програма за работно оспособување за занимањето ракувач на дигалки на учесниците во програмата им овозможува да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за самостојно ракување и управување со дигалките на работното место. Програмата опфаќа практична и теоретска обука и води до стекнување на сертификат насловен како Ракувач на дигалки

Планирано е двомесечно времетраење на програмата и тоа вкупно 276 часа од кои 60 часа (22%) се за теоретска обука, 184 часа (67%) се за практична обука во работилница, погон или реални работни услови и 32 часа (11%) се наменети за оценувањето.

Теоретската обука ќе се одвива во училница – кабинет. Практичната обука ќе се изведува во реални услови/компанија, каде учесниците во програмата ќе бидат под водство на ментор вработен во компанијата.

Учесниците кои успешно ќе ја завршат обуката, ќе бидат оспособени самостојно да ракуваат со дигалки, ќе стекнат работни навики и дисциплина, ќе ги применуваат средствата за безбедност при работа, ќе се грижат како за сопствената безбедност така и за безбедноста на другите лица, ќе развијат способности за прецизност и одговорност при изведувањето на работните операции со дигалки, како што се:ракување и управување со дигалки при изведба на работи – подигнување и пренесување на товар во хали и на терен; ги користи техничките упатства за ракување, пополнува пропишана документација, гарантира за квалитетот на извршените работи и одговара за нив, развива свест за превентивно одржување дигалките во исправна состојба.

По завршувањето на обуката кандидатите полагаат завршен испит. По успешно положениот завршен испит учесниците се стекнуваат со сертификат Ракувач на дигалки

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Të ketë përfunduar së paku arsimin fillor

Mosha mbi 17 vjec

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

38

Пракса

106

Оценување

0

Вкупен број на часови

144

Датум на верификација

15/10/2021

-

Ракувач на вилушкар

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content