Програматa има за цел да ги развие способностите на учесниците за планирање, спроведување, следење/мониторинг и проценување/евалуација на работа со млади заради помагање на нивниот личен развој и унапредување на нивното активно учествување во животот во заедницата.
Tеоретската настава и писмените проверки на знаења ќе се реализираат во училница опремена за спроведување на образование на возрасни или онлајн со користење софтвер за видео конференции, додека практичната настава ќе се спроведува во организација за млади, младинска организација или младински центар.
Програмата трае 4 месеци и е наменета за лица кои завршиле најмалку средно образование и сакаат да работат во обезбедување на поддршка за младите во рамките на/или во соработка со понудувачи на младинска работа (младински организации, центри и инститции за млади и сл.)
Истата се состои од 198 часови распоредени како:
- – теоретски дел: 106 интерактивни часови од по 45 минути
- – 88 часови од по 45 минути – практична работа во организација и
- – 4 часа по 45 минути за испитна работилница
Програмата ќе биде организирана во три модули и по секој модул ќе се врши проверка на стекнатите знаења и вештини преку писмен тест и практична демонстрација. По завршувањето на програмата ќе биде спроведен завршен испит пред тричлена комисија, по чие успешно полагање се издава сертификат.
Програмата ќе биде подложна на внатрешна евалуација. Ќе бидат спроведени две анкети: една на почетокот и една на крајот од програмата. Анкетите ќе бидат спроведени во форма на писмени прашалници кои ќе бидат сместени и онлајн, а на крајот ќе биде изготвен финален извештај од резултатите на анкетите.
По завршувањето, учесникот ќе се стекнe со звање – Работник со млади и ќе бидe способен да ги обавува функциите опишани во Стандардот на занимање – Работник со млади.
Верификацијата истекува во март 21, 2026