Примарната цел на образновната дејност на Ех Изведба Инженеринг ДООЕЛ Скопје е запознавање на проектантите кои се занимаваат со проектирање на електрични и неелектрични инсталации во противексплозивна заштита, како и извршителите кои работат на инсталирање, одржување и манипулирање со електричните и неелектрични инсталации и уреди во средини загрозени од експлозивна атмосфера со основните принципи на противескплозивна заштита, како и специфичностите при извршување на работи на проектирање, изведување, одржување и манипулирање.
Програмата е дизајнирана во насока да се оспособат лица кои вршат проектирање, изведба и одржување на електрични и неелектрични инсталации во средини загрозени од експлозивна атмосфера да се стекнат со знаења и вештини за процесите на воспоставување ефикасна и ефективна противексплозивна заштита. Програмата ги покрива следните Модули:
Модул 1 – Општо – регулатива, Проценка на ризик, Класификација на опасен простор, Електрични и неелектрични инсталации во загрозени средини
Модул 2 – Прегледи и одржување, Поправка
