ПРОИЗВОДИТЕЛ НА КОЛАЧИ

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел: Целите на програмата Производител на колачисе канидатитеда стекнат знаења и вeштини од областа на технологијата на производство на колачисо кои ќе може да: ја  подготвува и ја организира својата работа, да подготвува тесто за производство на колачи, да ги пече колачите на соодветна температура, да ги декорира колачите и да ги спакува и подготви за транспорт и складирање. Производителот на колачи ќе може да води сопствен бизнис, да ја води и ја ажурира евиденцијата за работата, да работи во согласност со нормативите и стандардите и да гарантира за квалитетот на работата, да извршува работите во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината.

Времетраењето на програмата е 150 часа од кои 45 часа теоретска обука, 105 часа се практична обука во реални работни услови.

Начинот на реализација на програмата Производител на колачие преку практична и теоретска обука. Програмата е изготвена врз основа на стандард на занимање – Слаткар. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно, со однапред договорена динамика со учесниците во програмата.

По успешно завршена практична задача на крајот од обуката, учесниците се стекнуваат со сертификат за работна оспособеност „Производител на колачи“.

Верификацијата истекува во јануари 31, 2028

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците да имаат завршено минимум основно образование и да се постари од 17 години .

Учесниците во програмата не е потребно да поседуваат претходни знаења, вештини и компетенции од оваа област

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

45

Пракса

105

Оценување

Вкупен број на часови

150

Датум на верификација

30/12/2024

Штип

Службеник на паркинг

Шпедитер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content