ПЕКАР

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на обуката е учесниците да се стекнат со знаења, вештини и компетенции од занимањето пекар.

Учесникот по завршување на обуката ќе биде оспособен да работи во пекарската индустрија, угостителски објекти и хотели, пекари и пицерии.

Учесникот ќе биде оспособен за обработка на брашното и подготовка на различни видови теста за леб, бели печива, пица тесто и лиснато тесто. Ќе биде оспособен да користи разни техники и процеси на замесување и обработка на тестото. Ги познава технолошките процеси за подготовка на разни видови леб и бели печива, пици и лиснати теста. Лицето исто така ќе биде оспособено да ги чува и складира пекарските производи.

Поседува знаења од користење на разни видoви на зачини, семиња и зачински билки.

 

Применува стандарди со кои се контролира квалитетот и безбедносна исправност на брашното и додатоците кои се користат во подготовката на лебот и останатите бели печива,како и стандарди за одржување на хигиената. Ракува и одржува алати, апарати и опрема за производниот процес, како и ги применува стандардните процедури за чистење и дезинфекција на опремата, алатите и работните површини. Го разбира НАССР контролниот систем и неговото значење за производството

Комуницира со соработниците, клиентите и претпоставените.

Начин на реализација: Теоретскиот дел од обуката ќе се спроведува во времетраење од 53 часа, а практичниот дел од обуката во времетраење од 147  часа.

Проверката на знаењето ќе биде спроведен со завршен испит кој се состои од теоретски и практичен дел.

Учесникот ќе се стекне со Сертификат „Пекар “х

Верификацијата истекува во јуни 13, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Me arsim të përfunduar të paktën fillor ose të nivelit I PRC dhe moshë mbi 18 vjeç.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

53

Пракса

147

Оценување

7

Вкупен број на часови

200

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content