ОПЕРАТОР СО ДИГИТАЛНИ ТЕХНОЛОГИИ И АВТОМАТИ ВО ТЕКСТИЛНАТА И КОНФЕКЦИСКАТА ИНДУСТРИЈА

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот по завршување на програмата да се стекне со знаења, вештини и компетенции од дигиталните и автоматските техники за работа во текстилната и конфекциската индустрија. Во текот на дефинирање на насловите и содржината на модулите направени се консултации со компаниите кои работат во областа опфатена со програмата. За таа цел се дефинирани три модули кои опфаќаат дигитализација и автоматизација во моделирање кроеви и производство на облека, дигитално и автоматско печатење, бојадисување и доработка на текстилни материјали и автоматски технологии за плетење.

За успешно реализирање на наставата определени се координатори на секој од модулите. Координаторите на модулите организираат подготовка на наставни материјали и испитни прашања за проверка на знаењето.

Постителите на обуката ќе бидат обучени да ракуваат со 2D и 3D софтвер за конструкција на кроеви, автоматски машини и софтвер за технолошките процеси на кроење и  шиење, софтвер за студија на времето, дигитален печатач, автоматска машина за сито-печатење, континуирана линија и автоматски робот за доработка и боење на текстилни материјали и автоматска машина за плетење.

Начин на реализација

Програмата ќе се изведува два пати годишно во зимскиот и летниот семестар.

Оваа програма ќе се повторува секоја наредна школска година.

Времетраење на програмата е вкупно 180 часа од кои 75 часа теорија и 105 часа практична работа. Теоретската настава од 75 часа (42%)  ќе се изведува во институцијата за образование на возрасни. Дел од практичната настава од 60 часа (33%) ќе се изведува во работилниците/лаборатриите на институцијата за возрасни а останатиот дел од 45 часа (25%) практична настава ќе се изведува во претпријатија.

Практичната настава во партнерските претпријатија ќе се изведува после одржување на теоретската и практична настава во образовната институција според претходно доставен распоред и динамика на работа.

По завршување на обуката учесникот ќе се стекне со Сертификат.

Ако учесникот ги посетува сите три модели ќе се стекне со: Сертификат за Оператор со дигитални технологии и автомати во текстилната и конфекциската индустрија.

Ако учесникот посетува еден од трите модели ќе се стекна со Сертификат за секој модул. Името на секој сертификат ќе биде:

·         За Модул 1: Оператор на CAD/CAM системи во конфекциската индустрија.

·         За Модул 1: Оператор на дигитални автомати за боење, доработка и печатење на текстилни материјали.

·         За Модул 1: Оператор на автоматска машина за плетење.

Проверката на знаењата ќе се реализира преку завршен испит во два дела:

·         тест за совладување на теоретските и практични обуки што се реализира во наставната установа и

·         тест за проверка на практичните вештини преку реализација на индустриски проект, односно самостојана работа од страна на практикантот во партнерско претпријатие.

Верификацијата истекува во ноември 8, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Завршено ниво III, IV, VI или VII (гимназиско образование, техничко образование или уметничко образование во траење од четири години, професионални или академски студии)

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

75

Пракса

105

Оценување

Вкупен број на часови

180

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content