Главна цел на програмата е учесникот по завршување на програмата да се стекне со знаења, вештини и компетенции од дигиталните и автоматските техники за работа во текстилната и конфекциската индустрија. Во текот на дефинирање на насловите и содржината на модулите направени се консултации со компаниите кои работат во областа опфатена со програмата. За таа цел се дефинирани три модули кои опфаќаат дигитализација и автоматизација во моделирање кроеви и производство на облека, дигитално и автоматско печатење, бојадисување и доработка на текстилни материјали и автоматски технологии за плетење.
За успешно реализирање на наставата определени се координатори на секој од модулите. Координаторите на модулите организираат подготовка на наставни материјали и испитни прашања за проверка на знаењето.
Постителите на обуката ќе бидат обучени да ракуваат со 2D и 3D софтвер за конструкција на кроеви, автоматски машини и софтвер за технолошките процеси на кроење и шиење, софтвер за студија на времето, дигитален печатач, автоматска машина за сито-печатење, континуирана линија и автоматски робот за доработка и боење на текстилни материјали и автоматска машина за плетење.
Начин на реализација
Програмата ќе се изведува два пати годишно во зимскиот и летниот семестар.
Оваа програма ќе се повторува секоја наредна школска година.
Времетраење на програмата е вкупно 180 часа од кои 75 часа теорија и 105 часа практична работа. Теоретската настава од 75 часа (42%) ќе се изведува во институцијата за образование на возрасни. Дел од практичната настава од 60 часа (33%) ќе се изведува во работилниците/лаборатриите на институцијата за возрасни а останатиот дел од 45 часа (25%) практична настава ќе се изведува во претпријатија.
Практичната настава во партнерските претпријатија ќе се изведува после одржување на теоретската и практична настава во образовната институција според претходно доставен распоред и динамика на работа.
По завршување на обуката учесникот ќе се стекне со Сертификат.
Ако учесникот ги посетува сите три модели ќе се стекне со: Сертификат за Оператор со дигитални технологии и автомати во текстилната и конфекциската индустрија.
Ако учесникот посетува еден од трите модели ќе се стекна со Сертификат за секој модул. Името на секој сертификат ќе биде:
- За Модул 1: Оператор на CAD/CAM системи во конфекциската индустрија.
- За Модул 1: Оператор на дигитални автомати за боење, доработка и печатење на текстилни материјали.
- За Модул 1: Оператор на автоматска машина за плетење.
Проверката на знаењата ќе се реализира преку завршен испит во два дела:
- тест за совладување на теоретските и практични обуки што се реализира во наставната установа и
тест за проверка на практичните вештини преку реализација на индустриски проект, односно самостојана работа од страна на практикантот во партнерско претпријатие.
Верификацијата истекува во ноември 3, 2026