ОПЕРАТОР ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Цел на програмата

Учесникот со изучување на програмата за оператор за графички дизајн ќе ги реализира следниве цели:

 

  • Да толкува типографија, теорија на бои, фотографии, layout, блокирање и други теории и вештини за дизајн;
  • Да креира логоа и пакети за брендирање за потенцијални клиенти;
  • Да користи основни алатки и можности на Adobe Photoshop, Illustrator, InDesign, After Effects, Adobe Media Encoder;
  • Да уредува фотографии во Adobe Photoshop;
  • Да користи layouts на страници во Adobe InDesign и создава различни дизајнирани страници;
  • Да користи и манипулира различни типови на фонтови;
  • Да анимира текст и користи ефекти и текст присети;
  • Да креира видеа за различни платформи и медиуми.

 

Начин на реализација

Програмата се реализира преку практична и теоретска настава и води до стекнување на сертификат за оператор за графички дизајн.

 

Начин на оценување:

За време на програмата континуирано се оценува напредокот за сите активности на учесникот, за да се утврди неговото знаење и стекнати компетенции согласно критериумите за оценување на секој модул.

Во реализацијата на програмата ќе се применуваат современи наставни методи кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката.

 

Модули на програмата:

 

  • МОДУЛ 1 – Основи на графички дизајн
  • МОДУЛ 2 – Технички вештини и алатки за графички дизајн
  • МОДУЛ 3 – Примени на дизајн апликации и практики
  • МОДУЛ 4 – Напредни концепти за дизајн

 

Времетраење:

Времетраењето на програмата е 188 наставни часа од кои 94 се теоретска обука и 94 се практична обука.

Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно по утврден распоред.

 

Вреднување на постигнувањата:

Оценувањето на постигнувањата на учесниците ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и постигнувањата во текот на целата обука (теоретска и практична).

На крај се изработува и презентира завршна проектна задача во која се применуваат технологии и алатки за графички дизајн, преку што се дефинираат стекнатите вештини и компетенции.

По завршување на програмата учесникот ќе биде способен да:

  • Користи и толкува методологија на графички дизајн;
  • Користи софтвер за векторска графика – Illustrator;
  • Користи софтвер за растерска графика – Photoshop;
  • Користи софтвер InDesign за креирање на печатени и дигитални медиуми;
  • Креира Постер Дизајн;
  • Креира дизајн во движење со софтверот Adobe After Effects;
  • Креира лого и визуелен идентитет;
  • Креира дизајн на пакување на веќе постоечки македонски производ;
  • Користи техники за креативно размислување и решавање на проблеми;
  • Користи основи на дизајнот на UX/UI;
  • Имплементира основни знаења за хонорарска работа и ги применува критериумите за учење за ефективно да се движат во хонорарната индустрија.

 

Сертификат

Учесникот кој успешно ќе ја заврши обуката и изработи завршен проект, ќе се стекне со сертификат за успешно завршена посебна програма „Оператор за графички дизајн“.

 

Просторни услови

Наставата се одвива комбинирано во училница, со работни услови за следење на наставата за секој учесник, при што се користи опрема за презентација која вклучува проектор, лаптоп, звучници, микрофон, платно за проектирање, и дополнителна IT опрема зависно од модулот на изучување и  учење на далечина кое се одвива онлајн преку апликацијата Zoom како и преку специјална платформа за учење креирана од Бреинстер.

 

Напредување од програмата

Програмата нуди можност за кариерно напредување на учесникот кон повисоки нивоа на  веб дизајнирање и слично, како и препознатливост на професијата со вклучување на пазарот на труд преку вработување во компанија или друга самостојна работа.

Верификацијата истекува во мај 4, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Право на учество во оваа програма имаат:

  • учесници со минимум завршено средно образование;
  • учесници кои поседуваат основни познавања од работа со компјутер;
  • учесникот успешно ќе биде оценет на интервјуто спроведено од стручен тим.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

94

Пракса

94

Оценување

0

Вкупен број на часови

188

ПОВРЗАНИ ПРОГРАМИ

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content