Главна цел на програмата „Негувател/ка на стари и немоќни лица“ ќе овозможи работно оспособување на учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за самостојно да дава помош и нега на лица кои поради возраст, хронични болести, попреченост имаат потреба за помош.
Теоретската настава се одвива во училници или кабинети, а практичната обука ќе се изведува во домови за сместување на стари лица или други установи и институции .
Проверување на постигањата на учесниците во програмата ќе се реализира преку завршен испит и тековно водење на портфолио/досие за секој учесник. Завршниот испитот, исто така се состои од теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од модулите кои се составен дел од програмата за обука.
Практичниот дел од испитот подразбира проверка на стекнатите вештини за извршување на работните задачи на неговател/ка на стари и немоќни лица.
По успешно положениот завршен испит учесникот ќе се стекне со сертификат – Негувател/ка на стари и немоќни лица
Времетраењето на програмата е 205 часа од кои 70 часа се теорија, 135 часа припаѓаат на практична обука.
Верификацијата истекува во март 15, 2026