Негувател/ка на стари и немоќни лица

Понудувачи на услуги

АКАДЕМИЈА-ЦЕС е компанија која повеќе од 25 години активно работи на развој на човечкиот капитал, прв центар за стручно образование и образование на возрасни во Македонија кој што нуди различен вид на обуки за личен и професионален развој на возрасни лица, доквалификација и преквалификација. Организацијата постои како алка помеѓу потребите на пазарот на трудот и работодавачите од една страна и невработените лица од друга страна. Со гордост, може да нотираме дека: на годишно ниво реализираме повеќе од 400 обуки, семинари, работилници, in-house обуки и слично; со опфат на учесници од различни профили (невработени лица, студенти, наставници, вработени во јавна администрација/ приватни компании) од Македонија и регионот. Располагаме со база од врвни експерти од различни области во полето на образованието од земјата и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење со цел унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини. АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. секогаш поаѓа од парадигмата дека општество треба да биде засновано на учење и знаење, кое ги поврзува сите нивоа на образование во хармонична и транспарентна целина заснована врз позитивни принципи и цели и во најдобар интерес на слушателите. Ова ќе овозможи создавање услови за развој на сите потенцијали на личноста и реализација на нивните потреби преку партнерство и заедничка одговорност на семејството и општеството, истовремено почитувајќи го принципот на холистички пристап кон развојот на личноста на сите образовни нивоа, без каква било форма на дискриминација. АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. континуирано вложува во подигнување на квалитетот на образовните услуги кои ги дава на своите корисници. Во таа насока АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. е акредитирана установа од страна на Министерство за образование и наука, Центарот за образование на возрасни, Бирото за развој на образование, Центарот за средно стручно образование и обука, Министерство за животна средина, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (образование за возрасни), сертифицирана со ISO 9001: 2015, ISO 17100:2015 и ISO 21001:2018. ЦЕС има воспоставено стратегиски партнерства и континуирано соработува со партнери од повеќе Европски земји (Романија, Словенија, Португалија, Италија, Бугарија, Полска, Германија, Словенија, Шпанија, Австрија, Хрватска, Норвешка, Турција). Преку таквите партнерства, заеднички се креираат нови модерни програми за обуки согласно Европските текови, се подобруваат постоечките, се разменуваат искуства, се прават анализи и стратегии за подигнување на квалитетот и понудата на образование, како и усогласување со потребите на пазарот на труд. Се реализираат мобилности и обуки на кандидати кои веќе посетуваат обука во нашите центри со цел нивно практично усовршување и стекнување компетенции во интернационална средина при тоа разменувајќи искуства, знаења, вештини и добри практики, како и стекнување нови компетенции кој ќе им овозможат полесна интеграција во пазарот на трудот и побрзо вработување/или самовработување. Кандидатите по завршување на обуките добиваат сертификат/диплома кој има статус на државна диплома со која имаат право да се вработат или да отворат сопствен бизнис. Кандидатите кои ќе посетат интернационална практична обука во европска држава добиваат Европски признаен сертификат- Europass Certificate. Во Академија ЦЕС делуваат 6 сектори: 1. Стручни вештини – занаети и административни курсеви 2. Образование на возрасни – за личен и професионален развој 3. Обуки за вработени во јавна администрација 4. Јазични вештини и преводи 5. Обуки за наставници 6. Консалтинг услуги и работа со проекти ( ИПА, Еразмус+)

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата „Негувател/ка на стари и немоќни лица“ да овозможи работно оспособување на учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции за самостојно да дава помош и нега на лица кои поради возраст, хронични болести, попреченост имаат потреба за помош.

Теоретската настава се одвива во училници или кабинети, а практичната обука ќе се изведува во домови за сместување на стари лица или други установи и институции реални услови. Програмата се состои од 6 модули преку кои учесникот ќе се стекне со знаења, вештини и компетенции за да: подготви и организира работно место за негувател во домот, помага и дава поддршка во извршување на дневните активности на старите лица, применува основни здравствени правила и процедури кај старите лица, помага во остварување на социјалните права на старите и немоќни лица, помага при одржување на хигиена во домот.

Проверување на постигањата на учесниците во програмата ќе се реализира преку завршен испит. Завршниот испитот, исто така се состои од теоретски и практичен дел.
Теоретскиот дел од испитот се состои од проверка на знаењето од предметите кои се составен дел од програмата за обука.

Практичниот дел од испитот подразбира проверка на стекнатите знаења на соодветна локација.

По успешно положениот завршен испит учесникот ќе се стекне со сертификат – Негувател/ка на стари и немоќни лица

Времетраењето на програмата е 215 часа од кои 75 часа се теорија, 140 часа припаѓаат на практична обука.

Верификацијата истекува во април 17, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесници во програмата можат да бидат лица кои:

– имаат завршено најмалку основно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

75

Пракса

140

Оценување

Вкупен број на часови

215

Датум на верификација

17/04/2024

-

РАКУВАЧ СО БАГЕР

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content