Негувател/ка на лица со попреченост

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за „Негувател/ка на лица со попреченост“ има за цел стекнување на занаења, вештини и компетенции за квалитетно, навремено и професионално  испорачување на услугата помош и нега во домот за лицата со попреченост односно комбинирана попреченост со највисок степен и потполно слепи лица.

Програмата обезбедува помош во вршење на основните и инструментални активности од секојдневниот живот за лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, со цел да го оспособи лицето со најтешка попреченост односно комбинирана попреченост со највисок степен или потполно слепо лице за само-помош, односно да ја врати, стекне или одржи способноста самиот да се грижи за себе, за да продолжи да живее во сопствениот дом и да води независен живот во заедницата.

Степенот на намаленост на функционалниот капацитет: самостојно движење, хранење и опслужување се проценува врз основа на способноста за независно остварување на основните и инструменталните активности од секојдневниот живот, кое може да се класифицира како:

– целосно отсутен функционален капацитет, односно целосно зависен;

– значително намален функционален капацитет, односно зависен во поголем обем;

– намален функционален капацитет, односно зависен во помал обем;

– целосно сочуван функционален капацитет, односно целосно независен.

Во рамките на оваа програма учесникот ќе се стекне со основни теоретски  знаења и вештини за базична нега, помош и поддршка на лицата со попреченост, методи и техники за комуникација со лица со попреченост, вештини за помош и нега во домашни услови и поддршка во основните и инструменталните активности од секојдневниот живот, способност користи одредени методи и техники за спроведување на лична хигиена, облекување и соблекување, помош при хранење, вештини за примена на техники за менување на постелина, пелени и подлоги, помош при вршење на физиолошки потреби, вештини за користење на уреди и опрема за потребите на одржување на личната хигиена прилагодено однесување, начин на комуникација со корисниците на услугата и нивните семејства, односно нивните законски застапници, развивање на вештини за активно слушање и распознавање на видовите  алтернативните форми на комуникација, негување на недискриминаторскиот пристап кон корсиниците и почитување на нивните права, развивање на компетенции за психолошка и социјална поддршка, тимска работа, почитување на поединецот, грижа за квалитетот на извршената работа, безбедноста и здравјето при работа,  хигиена, уредност  и  заштита на околината, планирање, следење, евидентирање и евалуација на испорачаната услуга.

Корисници на услугата помош и нега во домот се лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе.

Програмата испорачува 6 области/ модули:

Модул 1. Видови попреченост и основни карактеристики

Модул 2. Помош и нега во домот – оперативни активности

Модул 3. Помош и нега во домот – инструментални активноститивности од секојдневниот живот

Модул 4.  Комуникација и психосоцијална поддршка на лица со попреченост

Модул 5.  Здравје, безбедност и заштита при работа

Модул 6.  Администрирање и обработка на податоци на корисникот

Временската рамка на програмата е 250 часа. Стручно теоретски содржини во времетраење од 100 часа кои се реализираат во училница/кабинет.

Практичната настава која е предвидена со временска рамка од 150 часа и се изведува во институции за сместување на лица со попреченост, мали групни домови и/или во дневни центри за престој, третман и рехабилитација.

По завршувањето на секој модул се врши усна, писмена и/или практична изведба на активности за проверка на постигнатите резултати на учење.

Учесниците кои со успех ќе ја завршат програмата полагаат завршен испит.

По успешно завршување на програмата и со положен завршен испит кандидатот се стекнува со сертификат – „Неговател/ка за лица со попреченост“.

Верификацијата истекува во мај 15, 2027

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

– да има здравствена способност за вршење на дејноста,

– да има најмалку основно образование,

– да не му е одземена или ограничена деловната способност.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

95

Пракса

141

Оценување

14

Вкупен број на часови

250

Датум на верификација

15/05/2024

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content