Главната цел на програмата е кандидатите да стекнат вештини, знаења и компетенции за квалификација Масер на лице и тело и да ги имплементира понатаму како самостоен масер.
Учесникот по завршување на обуката ќе биде оспособен дирeктно да се вработи како масер за козметичка масажа, со можност за водење самостојна дејност. Учесникот ќе биде оспособен да ја идентификува локацијата на коските и мускулите на човековото тело и ќе може да препознава и да отстранува замор на мускули и некои не естетски појави на телото според одредени карактеристики; ќе применува соодветни техники при масирањето со различен интензитет при што прави ослободување од напнатост, стрес и болка; препознава индикации и контрадикции за да примени соодветен масерски зафат; ќе изведува масажа на лице, врат, деколте, делови од тело и цело тело.
Оспособен е да го уреди работниот просор и да ја организира својата работа. Одржува лична хигиена, хигиена на работно место и работен простор и користи соодветни средства за дезинфекција и стерилизација. Применува стандарди и методи за лична здравствена безбедност како и здравствена безбедност на клиентите.
Комуницира со соработниците, клиентите и претпоставените.
Начин на реализација: Програмата масер на лице и тело се состои од 225 часа. Теоретскиот дел од обуката ќе се спроведува во времетраење од 65 часа, а практичниот дел од обуката во времетраење од 160 часа. Проверката на знаењето ќе биде тековно, а на крај од програмата е предвиден завршен испит.
Учесникот ќе се стекне со Сертификат за завршена обука ,,Масер на лице и тело”
Верификацијата истекува во септември 18, 2026