Личен асистент на лица со оштетен вид

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата за лична асистенција на лица со оштетен вид има за цел да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со оштетен вид и рамноправно учество во заедницата.

Личната асистенција на лицата со оштетен вид е услуга од социјална заштита, преку која се обезбедува поддршка на лицата кои се целосно слепи или се над 98 годишна возраст од 18 до 65 години со цел нивно осамостојување, согласно нивните индивидуални потреби.

Личната асистенција треба да биде прилагодена кон личните потреби на корисниците, така што корисникот на услугата одлучува сам или во консултација со асистентот кои активности ќе ги делегираи и  независно ќе одлучува за раководењето на својот личен живот, компензирајќи ја својата попреченост со помош на лична асистенција во секојдневието.

Програмата која ќе се реализира содржи теоретски и практичен дел. Програмата е во времетраење од 108 часа од кои теорија 51 часа и практичен дел 57 часа, кои се реализираат во Град Скопје и четирите општини во државата: Битола, Охрид Тетово и Струмица. Реализацијата ќе се одвива во  прилагодени простории, специјализирани институции и институции со организиран дневен престој и во Центар за асистивна технологија.

Програмата е составена од 4 модули/области:

  1. Основни позавања за попреченоста, видови помагала и нивна примена;
  2. Помош на работно место, образовниот процес и заедницата;
  3. Помош во домот на корисникот;
  4. Комуникација и психосоцијална поддршка;

По успешното завршување на програмата и со положен завршен испит кандидатот се стекнува со сертификат – “Личен асистент на лица со оштетен вид”.

Верификацијата истекува во февруари 6, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

-Завршено средно образование

-Од 18 до 65 годишна возраст

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

51

Пракса

57

Оценување

Вкупен број на часови

108

ПОВРЗАНИ ПРОГРАМИ

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content