Програмата за дијагностичар на неисправности на моторни возила има за цел учесникот да стекне вештини и знаења за да може да ја планира и организира својата работа, го подготвува работното место, работните уреди, алатот и материјалот, рационално го користи времето, материјалот и енергијата, обезбедува квалитетни услуги и извршени работи, комуницира со соработниците и клиентите, со почитување на деловните принципи, контролира исправност на системи, утврдува неисправности на деловите, демонтира и монтира делови, користи електрични величини за реализација на конкретни проблеми, мери електрични величини, чита и толкува измерени вредности од електрични мерни инструменти, чита електрични шеми, утврдува правилна работа на сензори, испитува сензори, користи програми за моторни возила во електронска форма, користи уреди за ОБД дијагностика и лоцира неисправности на возилото.
Програмата ќе се реализира со предвидени 160 часови, од кои 40 часа се за теоретска настава и 120 часови се предвидени за практична настава. Теоретската настава ќе се спроведе во просторија во рамките на компанијата, а прасктичната обука во специјализирана работилница за компјутерска дијагностика. |
Оценувањето на учесниците ќе се врши континуирано во текот на обуката, а по завршување на првиот модул предвиден е тест, а по завршување на вториот модул ќе се полага завршен испит составен од тест за теоретскиот дел и практична изработка на зададена заача.
По успешно положениот завршен испит учесникот се стекнува со сертификат за Дијагностичар на неисправности на моторни возила.
Верификацијата истекува во мај 31, 2025