Главна цел на програмата:
Главната цел на програмата “Дизајнер за внатрешно уредување” е учесникот да стекне знаење, вештини и компетенции за внатрешен дизајн т.е. уредување и проектирање на внатрешен простор, а сето тоа во функција на понатамошно образование и вклучување на пазарот на труд. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа.
Начин на реализација:
Програмата се реализира преку практична и теоретска настава и води до стекнување на сертификат за Дизајнер за внатрешно уредување.
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на учесникот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Секоја наставна единица е поткрепена со специјално изработени вежби согласно интерни наставни програми и официјалните програми од Autodesk партнерот.
Модули на програмата:
- Теорија на внатрешен дизајн
- Основи на просторно планирање
- Основи за материјали и конструкции
- Софтверско проектирање со AutoCAD
- Проектирање на ентериер со SketchUp
- БИМ проектирање со Revit
- 3Д моделирање, анимација и визуелизација со 3DS Max
- Визуелизација со Photoshop
- Кариера
Времетраење:
Времетраењето на програмата е 220 наставни часа, од кои 127 часа се теоретска обука, 93 часа практична обука и дополнителни 5 часа наменети за полагање и оценување. Теоретскиот и практичниот дел од програмата ќе се изведува неколку пати неделно по утврден распоред.
Вреднување на постигнувањата
Оценувањето на постигањата на учесниците ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и постигнувањата во текот на целата обука (теоретска и практична). Во еден од Autodesk модулите, предвиден е испит за стекнување меѓународен сертификат – Autodesk Certified User за владеење со соодветната апикација.
На крај се изработува и презентира завршен проект преку кој се дефинираат стекнатите вештини и компетенции.
Сертификат
Кандидатот кој успешно ќе ја заврши обуката и изработи завршен проект, ќе се стекне со сертификат за успешно завршена програма за Дизајнер за внатрешно уредување.
Дополнителен бенефит на програмата е стекнувањето на меѓународен сертификат – Autodesk Certified User, кој претставува одлична оценка за владеење со соодветната апликација на Autodesk. Испитот се полага на интернет платформа во сертифициран центар за вреднување на Certiport.
Просторни услови
Наставата се одвива во специјализирана компјутерска предавална со потребна опрема, а секој посетител работи самостојно на компјутер со потребни Autodesk софтвери за проектирање.
Напредување од програмата
Програмата нуди можност за напредување во кариера на повисоки нивоа во внатрешен дизајн, како и препознатливост во професијата со вклучување на пазарот на труд преку вработување во фирма или самостојна работа (Eng. Freelancer).