Дигитализацијата зема се поголем замав, а целта на оваа програма е ученикот да ја разбере примената и да се подготво за новите барани актуелни позиции за вработување.
Главна цел на програмата е учесникот да се стекне со вештини за дигитален маркетар, што значи ќе може самостојно да раководи со бизнис страници на компании кои имаат онлајн присуство и да допринесе во зајакнување на нивниот бренд или зголемување на нивната продажба. Знаењето, вештините и компетенциите кои ќе ги стекне ќе му овозможат повеќе работни позиции и тоа: Дигитален маркетер – комплетен креатор на реклами од текст, дизајн, слика, поставки и таргетирање на публика, пишувач на текстови за повеќе намени, администратор на социјални медиуми – како канали на продажба, а дополнително ќе научи начини на заработка онлајн, поттик и вештини за претприемач и мотивација самостојно да отвори и раководи со свој сопствен бизнис.
Лицата со хендикеп кои ќе бидат учесници во оваа програма, ќе имаат можност веднаш да се приклучат на пазарот на трудот и да отворат свој профил на онлајн платформата која им овозможува да се престават директно пред бизнисите со своите вештини, знаења и кометенции каде директно ќе можат да ги понудат своите дигитални услуги.
Програмата е прилагодена комплетно за почетници и во нејзината подготовка учество земаа и лица со попреченост и е напишана и ќе се спроведува на начин на кој е комплетно разбирлив за нив, а користени се меѓународни модули и примери.
Времетраењето на обуката е 180 часа од кои 60 часа теорија и 120 часа практична работа и вежбање на реални проекти од компании, а учесникот ќе има предност при изборот за кандидати за работа при преставувањето на своето ЦВ и портфолио пред нив.
По завршувањето на програмата лицето се стекнува со сертификат, дигитален маркетер.
Ученикот/ученичката:
- Стекнува основни знаења за традиционалниот маркетинг и дигиталниот маркетинг;
- Распознава основни дигитални канали на продажба и принципи;
- Користи социјални медиуми за бизнис намена
- Идентификува видови и таргетира публика;
- Креира маркетинг стратегија за производи и услуги;
- Создава објави кои поттикнуваат побарувачка на пазарот;
- Објаснува бенефити за производ или услуга;
- Разликува платен од бесплатен маркетинг;
- Покажува познавање на елементите на маркетинг миксот;
- Користи методи на платен маркетинг
- Прави анализа на конкуренцијата на пазарот;
- Објаснува стрктура на трошоци од анализи од објави;
- Соработува во група, да го согледа значењето на тимската работа за постигнување на успех во работењето.
- Развива претприемнички вештини и способности;
- Идентификува претприемнички карактеристики;
- Поттикнува креативно размислување;
- Развива позитивен однос кон системот работа од дома или онлајн;
- Транспарентно ги претставува карактеристиките и бенефитите од тоа што го нуди;
Развива доживотно учење со цел за стручен развој и развој на работното портфолио
Верификацијата истекува во август 3, 2025