Готвач/ка

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Основна цел на програмата е да се оспособат лица над 16 години да изведуваат работни задачи за занимањето Готвач. Програмата е предвидена за сите кои имаат желба да се занимаваат со ова занимање на професионален начин. Истата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект. Програмата е во времетраење од три месеци или 170 часа, каде се опфаќаат стручни и теоретски содржини кои ќе се реализираат во просториите на ОГУДУ Гостивар, специјализирани угостителски објекти кај работодавачи.

Во однос на структурата на реализација на програмата истата ќе биде организирана со изведување на теоретскиот дел. Исто така преку примена на формативно оценување во текот на реализација на секоја тема ќе следи усмено проверување на знаењата на кандидатите. Во текот на реализацијата на програмата ќе се води портфолио за секој кандидат и исто така ќе се вреднуваат изработките кои ќе ги содржи портфолиото.

Практичната обука ќе се реализира во специјализирани угостителски објекти. Притоа активностите ќе бидат следени од искусен готвач кој редоследно, во зависност од сложеноста на задачите, ќе ги вклучува кандидатите во практични активности.

На крајот на програмата ќе следува проверка и оценување на стекнатите знаења и вештини од страна на тричлена комисија, односно ќе се спроведе оценување на практична изведба преку завршен испит.

Верификацијата истекува во ноември 10, 2026

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот треба да има завршено најмалку основно образование, извршен здравствено санитарен преглед

Возраст над 16 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

50

Пракса

120

Оценување

Вкупен број на часови

170

Датум на верификација

10/11/2023

-

Sидар

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content