Готвач во угостителски објект

Понудувачи на услуги

АКАДЕМИЈА-ЦЕС е компанија која повеќе од 25 години активно работи на развој на човечкиот капитал, прв центар за стручно образование и образование на возрасни во Македонија кој што нуди различен вид на обуки за личен и професионален развој на возрасни лица, доквалификација и преквалификација. Организацијата постои како алка помеѓу потребите на пазарот на трудот и работодавачите од една страна и невработените лица од друга страна. Со гордост, може да нотираме дека: на годишно ниво реализираме повеќе од 400 обуки, семинари, работилници, in-house обуки и слично; со опфат на учесници од различни профили (невработени лица, студенти, наставници, вработени во јавна администрација/ приватни компании) од Македонија и регионот. Располагаме со база од врвни експерти од различни области во полето на образованието од земјата и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење со цел унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства и вештини. АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. секогаш поаѓа од парадигмата дека општество треба да биде засновано на учење и знаење, кое ги поврзува сите нивоа на образование во хармонична и транспарентна целина заснована врз позитивни принципи и цели и во најдобар интерес на слушателите. Ова ќе овозможи создавање услови за развој на сите потенцијали на личноста и реализација на нивните потреби преку партнерство и заедничка одговорност на семејството и општеството, истовремено почитувајќи го принципот на холистички пристап кон развојот на личноста на сите образовни нивоа, без каква било форма на дискриминација. АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. континуирано вложува во подигнување на квалитетот на образовните услуги кои ги дава на своите корисници. Во таа насока АКАДЕМИЈА Ц.Е.С. е акредитирана установа од страна на Министерство за образование и наука, Центарот за образование на возрасни, Бирото за развој на образование, Центарот за средно стручно образование и обука, Министерство за животна средина, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност (образование за возрасни), сертифицирана со ISO 9001: 2015, ISO 17100:2015 и ISO 21001:2018. ЦЕС има воспоставено стратегиски партнерства и континуирано соработува со партнери од повеќе Европски земји (Романија, Словенија, Португалија, Италија, Бугарија, Полска, Германија, Словенија, Шпанија, Австрија, Хрватска, Норвешка, Турција). Преку таквите партнерства, заеднички се креираат нови модерни програми за обуки согласно Европските текови, се подобруваат постоечките, се разменуваат искуства, се прават анализи и стратегии за подигнување на квалитетот и понудата на образование, како и усогласување со потребите на пазарот на труд. Се реализираат мобилности и обуки на кандидати кои веќе посетуваат обука во нашите центри со цел нивно практично усовршување и стекнување компетенции во интернационална средина при тоа разменувајќи искуства, знаења, вештини и добри практики, како и стекнување нови компетенции кој ќе им овозможат полесна интеграција во пазарот на трудот и побрзо вработување/или самовработување. Кандидатите по завршување на обуките добиваат сертификат/диплома кој има статус на државна диплома со која имаат право да се вработат или да отворат сопствен бизнис. Кандидатите кои ќе посетат интернационална практична обука во европска држава добиваат Европски признаен сертификат- Europass Certificate. Во Академија ЦЕС делуваат 6 сектори: 1. Стручни вештини – занаети и административни курсеви 2. Образование на возрасни – за личен и професионален развој 3. Обуки за вработени во јавна администрација 4. Јазични вештини и преводи 5. Обуки за наставници 6. Консалтинг услуги и работа со проекти ( ИПА, Еразмус+)

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата овозможува оспособување на кандидатите за Готвач -Угостител и истата е со  времетраење од 156 часа, од кои 31 час за теоретскиот и 125 часа за практичниот дел, опфаќа  стручно-теоретски предавања кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на вовед во практичната обука која ќе се изведува во опремена кујна  . Oбуката ја изведуваат предавачи со повеќегодишно искуство. Програмата за Готвач-угостител овозможува учесниците низ теоретска и практична настава да се запознаат со организација на работа во угостителските кујни, со организацијата на работниот простор, со заштита и безбедност при работа , со опремата и инвентарот – намена и начин на одржување, ќе се оспособат да ракуваат со опремата и инвентарот, ќе се запознаат со стручната терминологија, низ практични часови ќе научат самостојно да ги извршуваат работните задачи, да ги совладаат готварските вештини кои се однесуваат за подготовка на: супи, консоме, чорби, потажи, ладни предјадења ,топли предјадења, сосови и фондови, јадења од риба, готвени јадења, печења, јадења по порачка, јадења на скара, варива и гарнири, како и јадења од националната кујна. Во еден дел ќе биде опфатена  диеталната, вегетеријанската и безглутанската кујна. Во текот на обуката ќе  се посвети вниманије и на начинот како се сервира, аранжира и декорира јадењето. По успешно положениот завршен испит учесникот се стекнува со сертификат ГОТВАЧ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ.

Верификацијата истекува во ноември 18, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Niveli i arsimit fillor: arsimi fillor dhe mosha të paktën 16 vjeç.
Niveli i kërkuar i arsimit: arsimi tre ose katër vjeçar (nga çdo profesion).
Kërkesa shtesë për aplikantët: nuk kërkohen kërkesa shtesë.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

31

Пракса

125

Оценување

0

Вкупен број на часови

156

Датум на верификација

18/11/2022

-

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content