Програмата “Шминкер” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на шминкерството. Стекнатите вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.
Програмата за занимањето шминкер се темели на стандард на занимање, кое се стекнува преку стручно-теоретска настава и практична обука. Програмата е со 250 часа или тримесечно времетраење.
Структурата на програмата за “Шминкер” е следна:
стручно-теоретски дел,
практична работа и
проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит).
1. Стручно-теретскиот дел од обуката ќе се реализира во училница-кабинет (опремен според правилнкот за стандардите за просторот и опрема). Теоретскиот дел од обуката ќе го реализира наставен кадар со високо образование, VII/1, со завршени студии по медицина, технологија и економија, со 3 години работно искуство во настава.
2. Практичниот дел од обуката ќе се реализира во современо опремени слони за шминкање. Практичниот дел од обуката ќе го реализира мајстор шминкер со 3 годишно работно искуство.
3. Третиот дел од програмата за Шминкер е проверка на постигањата на кандидатите или завршниот испит.
Структурата на програмата е претставена со 5 теми од кои 4 теми се од областа на шминкерството, а последната од областа на бизнисот и претприемништвото.
Програмата е прилагодена според изготвен стандард на занимањето и истата дава можност учесникот во програмата да ја организира сопствената работа, да го подготвува салонот и клиентот за шминкање, да советува клиенти, подготвува и изведува индивидуална, целна и специјална шминка, комуницира со клиентите и деловни партнери, води грижа за сопствената безбедност и безбедноста на клиентот, како и за здравјето и околината, води евиденција и подготвува пресметки за работата, ги познава правата од работен однос и можностите за водење на сопствен бизнис и да почитува работна етика и морал.
Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усна и писмена проверка на определени тематски целини и сегменти и практична работа- вежби.
По успешно завршување на програмата се полага завршен испит со што учесникот се здобива со сертификат за работна оспособеност Шминкер.
Програмата дава можност за вертикално напредување во програми од повисоко ниво на занимање.
