Програмата Шминкер е насочена кон стручно оспособување на учесник за самостојно извршување на работни задачи – шминкање во козметички салон. Преку оваа програма, се обезбедува стекнување на основни техники и методи на шминкање. Времетраењето на програмата е 150 часа од кои теоретска настава 50 часа, а практична настава 100 часа, во кои ќе биде оспособен да применува основна, професионална и уметничка шминка. Знаењето стекнато во оваа програма ќе го оспособи учесникот да биде конкурентен на пазарот на труд. Наставни средства за реализација на обуката како и просториите се согласно нормативите за место и опрема. Обучувачи во програмата ќе бидат лица со искуства. Проверка на знаењата и вештините се изведува во текот на обуката и на крај со завршен испит. По успешно положен завршен испит учесникот ќе се стекне со сертификат за работно оспособување за Шминкер