Фризер за жени

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главната цел на програмата „Фризерза жени“  е насочена кон вработување во  фризерски салони и директно самовработување, преку  стекнување на стручно оспособување во областа на фризерството. Преку теоретска и практична настава учесниците ке се здобијат со знаења и вештини од областа на фризерството. Сите учесници ќе стекнaт основни  познавања за занимањето  фризер и  ќе се оспособат за  воспоставување професионална комуникација со клиентите; ќе разликуват и користат опрема, прибор и алат за работа; ќе користат  принципи за безбедност при работа; ќеприготвуваат клиент за третман на коса;ќе  разликуваат разни постапки на третирање на скалпот; ќе применуваат разни постапки за изработка  на фризури; ќе мијат коса, потстрижуваат, обликуваат, бојат и белат коса; ќе применуват норми на работна етика.

Програмата се состои од теоретски и практичен дел.

Обуката е со времетраење од 3 месеци.Вреднувањето на учесниците се изведува усно, писмено и од постигнатите цели на практичниот дел. За секој ученик ќе има посебно портфолио.

Учесниците полагаат завршен испит, и со успешно полагање на истиот се здобиваат со сертификат за Фризер за жени.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата, задолжително треба да имаат завршено основно образование и да се на возраст над 15 години.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

85

Пракса

125

Оценување

0

Вкупен број на часови

210

Датум на верификација

16/04/2021

Штип

Шминкер

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content