Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции зазанимањето Фризер и да се оспособи за самостијна работа во фризерски салон.
Начинот на реализација на програмата е преку теоретска настава и практична обука која се изведува во простор соодветен на барањата на стандардите за простор и опрема и води до стекнување на сертификат за фризер.
Времетраењето на програмата е 175 часа од кои 35 часа се стручна теорија, 122 часа се практична обука во реални работни услови и 18 часа се наменети за оценувањено.Проверка на знаењето и оценувањето ќе се изведува во тек на обуката и на крај од обуката како завршен испит. Програмата ќе се изведува неколку пати неделно во договор со учесниците на програмата.
Програмата нуди можност за напредување на повисоки нивоа-курсеви за фризерство (Напреден курс и Специјализиран курс).