Главната цел на програмата за “Управување и развој на човечки капитал” е учесникот да стекне знаење,вештини и практичен пристап преку работа на менторски принцип и можност на учесникот да биде дел од успешната мрежа на професионалци во областа на Човечките ресурси во Македонија. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот, како и нивно осамостојување при извршување на секојдневните задачи на работа.
Начин на реализација
Програмата се реализира преку практична и теоретска настава и води до стекнување на Управување и развој на човеков капитал, ресурси, сертификат и лична препорака.
Модули на програмата
Програмата „Управување и развој на човечки капитал“ е сочинета од 9 модули: – Стратешки менаџмент на Човечки ресурси – Регрутација и селекција – Правни аспекти – Мотивација на вработени и задоволство од работа – Развој на вработени – Плати,наградување и финансиски аспекти – Мерење и евалуација на работната изведба и учинок – Ревизија на процесот за човечки ресурс и Систем/софтвер за човечки ресурси – Англиски за професионалци од областа на управување со човечки ресурси
Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Секоја наставна единица е поткрепена со специјално практични, индивидуални и тимски задачи, како и дискусии за конкретни практики и споредби на различни искуства од бизнис опкружувањето.
|
Времетраење
Времетраењето на програмата е 180 наставни часа, од кои 81 часа се теоретска обука, 90 часа практична обука и 9 часа се наменети за оценувањето и предвиденото полагање.
Просторни услови
Наставата се одвива во специјализирана предавална со потребна опрема за извршување на практични, индивидуални и и тимски задачи.
|