Службеник во сметководство

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата има за цел учесникот да се стекне со практично познавање, а подоцна и примена  на стекнатото знаење и можност за поголема конкурентност на пазарот на труд.

Квалитетната сметководствена едукација е важна. Програмата практично ги воведува и почетниците кои немаат предзнаења од оваа област, а и тие кои носат знаење од средните економски училишта или факултетите.

Предвидено е работа во група до 10 учесници, што резултира со голем успех кај сите учесници. Работиме со добра опрема- секој учесник добива свој лаптоп за време на едукацијата на кој е инсталиран професионален сметководствен софтвер. Добива прирачник и свој регистар со реални документи, кои го потенцираат секој сегмент од работењето на една компанија, а со книжење на истите се симулира реално сметководство на таа компанија.

Програмата резултира сè за сметководство во деловно планирање, анализирање и евидентирање на трансакции, книжења по финансиски извештаи, комплетирање на сметководствен циклус, капитал, интерни контроли и целокупно сметководство кај правни субјекти – профитни и непрофитни.

Временска рамка:

17 недели- 102 часа и 48 часа пракса, вкупно 150 часа

(два пати неделно по 3 часа и секоја втора недела по 6 часа пракса)

Верификацијата истекува во декември 20, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

 

Завршено четиригодишно средно образование

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

26

Пракса

124

Оценување

0

Вкупен број на часови

150

Датум на верификација

20/12/2022

Скопје

РАКУВАЧ СО ВИЉУШКАР

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content