Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења, вештини и компетенции за примена на основните техники при поправка на подлога за поплочување, нанесување нова подлога и поплочување на подови , ѕидови и други елементи со керамички плочки, правилно и безбедно користејќи ја опремата и алатот.
Програмата се реализира преку теоретска и практична настава во два модула:
Времетраење на програмата е 200 часа од кои 60 часа се предвидени за теоретска настава за модул 1, а 140 часа се предвидени за практична настава за модул 2. Наставата се реализира од понеделник до петок . Теоретската обука се одвива во училница/кабинет опремен за теоретска настава под менторство на дипл.инж.по градежништво, а практичниот дел во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по градежништво , плочкар со 3 год. работно искуство .Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на модул 1 ,а со завршен испит по завршувањето на модул 2.По успешно положен тест и завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнуваат со сертификат Плочкар.
Верификацијата истекува во мај 10, 2025