Програмата Педагошки помошник за ученици во основно образование, има за цел оспособување на кандидати за успешна работа со ученици од основно образование кои покажуваат понизок успех во учењето во насока на пружање помош за запишување на ученици во основно образование и во поучување на ученици во основно образование за совладување на училишното градиво. Преку темите предвидени за оваа програма, кандидатот се оспособува за организирање на сопствената работа, за пружање на помош на учениците за совладување на училишното градиво преку правилен и целисходно избрана стратегија на поучување и стилови на учење, во зависност од можностите на ученикот. Кандидатот се стекнува со способности за јакнење на самодовербата на учениците и мотивирање на ученикот и родител/старател за напредување во образованието. Воедно, кандидатот ќе биде обучен да остварува позитивна комуникација со родителите/старателите и со училиштето со што ќе допринесе за подобра соработка на релацијата училиште – родител/старател. Кандидатот ќе биде оспособен за евидентирање и документирање на напредокот на ученикот.
Програмата содржи вкупно 190 часови теорија 110 часа, пракса 60 часа и оценување 20 часа предвидено е да се реализира за време од 3 месеци.
Програмата вклучува часови за теорија и за практична обука на кандидатите. За секој кандидат се води портфолио за личен напредок во обуката. Оценувањето на стекнатите знаења и вештини на кандидатите ќе се изведува за време на обуката, после секоја тема и на крај од програмата како завршен испит. Кандидатите кои успешно ќе го положат завршниот испит ќе се стекнат со сертификат за Педагошки помошник за ученици во основно образование.