Педагошки помошник за ученици во основно образование

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата Педагошки помошник за ученици во основно образование, има за цел оспособување на кандидати за успешна работа со ученици кои следат настава во основното образование и покажуваат понизок успех во учењето во насока на пружање помош и поучување на ученици во совладување на училишното градиво за основно образование. Преку темите предвидени за оваа програма, кандидатот се оспособува за организирање на сопствената работа, за пружање на помош и поддршка на учениците за совладување на училишното градиво преку правилен и целисходно избрана стратегија на поучување и стилови на учење, во зависност од можностите на ученикот. Кандидатот се стекнува со способности за јакнење на самодовербата на учениците и мотивирање на ученикот и родител/старател за напредување во образованието. Воедно, кандидатот ќе биде обучен да остварува позитивна комуникација со родителите/старателите со што ќе допринесе за подобра соработка на релацијата училиште – родител/старател. Кандидатот ќе биде оспособен за евидентирање и документирање на напредокот на ученикот.

Цели на програмата:

  • Помош и поддршка на учениците запишани во основното образование
  • Мотивирање на учениците за успешно продолжување на образованието
  • Запознавање на родителите/старателите со можностите за продолжување на образованието и поддршка на своите деца
  • Воспоставување и развивање на соработката помеѓу заинтерсираните страни: учениците, родителите и локалната заедница
  • Развивање на вештини кај учениците за самоевалуација на сопствениот напредок
  • Развивање на вештините за дизајнирање на индивидуален план за напредок во образованието

Програмата содржи  вкупно 190 часови теорија 110 часа, пракса 60 часа и оценување 20 часа предвидено е да се реализира за време од 3 месеци.

Програмата вклучува часови за теорија и за практична обука на кандидатите. За секој кандидат се води портфолио за личен напредок во обуката. Оценувањето на стекнатите знаења и вештини на кандидатите ќе се изведува за време на обуката, после секоја тема и на крај од програмата како завршен испит. Кандидатите кои успешно ќе го положат завршниот испит ќе се стекнат со сертификат за Педагошки помошник за ученици во основното образование

Верификацијата истекува во јануари 31, 2025

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот во програмата треба да:

  • има завршено најмалку средно образование,
  • познава работа со компјутер и

е постар од 20 години

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

130

Пракса

60

Оценување

0

Вкупен број на часови

190

Датум на верификација

31/01/2022

Скопје

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content