Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења ,вештини и компентенции за правилно користење и успешно ракување на ЦНЦ машина со користење на готови компјутерски програми и интегрирана околина за програмирање.
Програмата се реализира преку теоретска и практична настава Модуларни единици во наставната програма се:
- Анализа,планирање и организирање на работата
- Подготовка на работата и работното место
- Оперативни работи
- Обезбедување и осигурување квалитет
- Одржување и поправка на опремата,машините,уредите и средствата за работа
- Заштита на работата, здравјето и околината
Времетраење на програмата е 300 часа од кои 100 часа се предвидени за теоретска настава,а 200 часа се предвидени за практична настава. Наставата се реализира од понеделник до петок .Теоретската настава се изведува во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по машинство, а практичниот дел со дип. инж. по машинство или опператор на ЦНЦ машина со 3 год. работно искуство
Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на теорискиот дел од обуката ,а со завршен испит по завршувањето на практичниот дел.По успешно положен завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнува со сертификат Оператор на CNC машина .
Верификацијата истекува во февруари 26, 2024