Оператор на CNC машина

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е учесникот да стекне знаења ,вештини и компентенции за правилно користење и успешно  ракување  на ЦНЦ машина со користење на готови компјутерски програми и интегрирана околина за програмирање.

Програмата се реализира преку теоретска и практична настава                                              Модуларни единици во наставната програма се:

  • Анализа,планирање и организирање на работата
  • Подготовка на работата и работното место
  • Оперативни работи
  • Обезбедување и осигурување квалитет
  • Одржување и поправка на опремата,машините,уредите и средствата за работа
  • Заштита на работата, здравјето и околината

Времетраење на програмата е 300 часа  од кои   100 часа се предвидени за теоретска настава,а 200 часа се предвидени за практична настава. Наставата се реализира од понеделник до петок .Теоретската настава се изведува во специјализирани простории во рамките на компанијата под менторство на дипл.инж.по машинство, а практичниот дел со дип. инж. по машинство или опператор на ЦНЦ машина со 3 год. работно искуство

Вреднувањето на постигањата на учесниците се спроведува со тест по завршување на теорискиот дел од обуката ,а со завршен испит по завршувањето на практичниот дел.По успешно положен завршен испит се дефинираат стекнатите вештини и компентенции и учесниците се стекнува со сертификат   Оператор на CNC машина    .

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесниците во програмата е потребно да имаат завршено најмалку основно образовние  и 17 години старост

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

100

Пракса

200

Оценување

Вкупен број на часови

300

Датум на верификација

26/02/2021

-

Металостругар

Бравар

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content