Главна цел на програмата е по завршување на обуката учесникот да се стекне со знаења, вештини и компетенции да подготви, води, евалуира обука и сесии.
По завршувањето на програмата, учесникот ќе се стекне со сертификат за Обучувач на возрасни.
Начин на реализација на програмата вклучува теоретски 40 часа, практични 45 часови и 5 часа за оценување. Вкупно времетраење на програмата е 90 часа. Оценувањето на крајот од обуката ќе се спроведе со комбинација на пишан, усен и практичен дел. Клучно во обуката е активно учество во обуката на сите учесници.
Преку процесот на обука ученикот ќе се оспособи да спроведува обука на различни целни групи, за различни теми, области за да пренесе одредени информации за одредени постапки, процеси и процедури, зависно од барањата на целната група согласно специфичните потреби на секој учесник.