Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења и вештини кои ќе им овозможат грижа за здравјето, безбедноста, хигиената и нега на деца со пречки во развој.
Обуката се состои од теоретски и практичен дел.
На почеток ќе има теоретска настава, која ќе се одвива во просториите на нашиот образовен центар. На обуката ќе се користат современите сознанија од педагогија и психологија за обука на учесниците во програмата кои ќе работат со деца со пречки во развој.
Вториот дел од обуката (практичниот дел) ќе се реализира во Дневни центри кои згрижуваат деца и лица со разни видови на попречености.
Теоретските и практичните содржини ќе помогнат слушателите на обуката да се оспособат за: комуникација со децата со пречки во развој и со нивните родители/старатели; ќе се стекнат со знаење како да се грижат за емоционалниот и социјалниот живот на децата; ќе знаат како да се грижат за нивната исхрана; ќе научат како да помагаат на децата во извршување на нивните секојдневни обврски;
Времетраење на програмата е 208 часа: 48 часа се посветени на теоретска настава, 160 часа се практична обука.
Оценувањето и вреднувањето на постигнатиот успех на учесникот при неговото следење на програмата се спроведува преку проверка на знаење.
На крајот од обуката се спроведува завршен испит – кој се состои од писмен (теоретски) и практичен дел и преку него се проверува комплетно стекнатото знаење и вештина на кандидатот.
По завршувања на програмата и положениот завршен испит, учесниците се стекнуваат со сертификат „НЕГУВАТЕЛ/КА НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ“.