ОПЕРАТОР ЗА ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Главна цел на програмата е да го оспособи учесникот за проектирање, изведба и одржување на локални и дистрибуирани компјутерски мрежи во функција на негово понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот.

Програмата овозможува учесниците да добијат знаење и вештини за идентификација на потребните перформанси на компјутерските мрежи во процесот на нивно проектирање, составување и инсталација, како и нивно одржување, вклучувајќи ја дефектажата и отстранувањето на дефектите во нив. Покрај тоа, во програмата се опфатени и начините за: имплементација на безбедносните стандарди и протоколи кај компјутерските мрежи, анализа на перформансите и нивна оптимизација, работа со виртуелни компјутерски мрежи.

За да се стекнат потребните знаења и вештини планирани се 230 часа, кои може да се реализираат во период од околу 3 месеци.

Со цел да се формираат компактни групи, во припремната фаза за реализација на програмата, најпрво се утврдуваат претходните знаења на учесниците, според кои истите се групираат.

Програмата опфаќа содржини од областа на локалните и дистрибуираните компјутерски мрежи. Во нејзините рамки ќе се изучуваат: мрежните топологии, OSI спецификацијата, начините за поврзување и ожичување, активната и пасивната мрежна опрема, протоколите за мрежна комуникација, дистрибуирани мрежи, безжични мрежи, контрола на пристап и безбедност, дефектажа, алатки за дефектажа и отстранување на дефекти, управување, следење и оптимизација на работата на компјутерските мрежи.

Вреднувањето на знаењата ќе се врши континуирано во текот на наставата:

– ќе се реализира формативно следење кое вклучува изработка и водење на портфолио на учесниците:

– собирање на показатели (изработени задачи на компјутер, реализирани практични задачи) за секој ученик посебно;

– тековни (формативни) однапред подготвени евалуациони листи за секој учесник.

-ќе се следи редовност на учесниците, активност на часот, исполнителност при      изработка на домашни задачи, практичните вежби и постигнувањата на контролните тестови и практичните задачи.

На крајот на обуката учесниците полагаат завршен испит. Оние со редовност од над 70% од планираниот фонд на часови, во зависност од постигнатиот резултат на завршниот испит,   ќе се стекнат со Сертификат ОПЕРАТОР ЗА ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА КОМПЈУТЕРСКИ МРЕЖИ или само Потврда за посетување на обуката.

Учесниците ќе добијат одлична основа за:

–  понатамошно напредување и надоградба на знаењата во областите: компјутерска безбедност, работа со сервери, Cloud технологии, Cybersecurity и сл.

–  да се вклучат на пазарот на трудот,

–  да работат во фирма или хонорарно,

–  да работат на проекти за странски фирми или

– да работат во сопственa трговско-сервисерска фирма.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

 

Учесникот во програмата ќе може да се запише ако има:

–  навршени 17 години со познавања од областа на информатиката MS Windows 10/8/7 + Internet  (средношколци),

– завршено средно (или повисоко) образование со познавања од областа на информатиката MS Windows 10/8/7 + Internet.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

130

Пракса

92

Оценување

8

Вкупен број на часови

230

Датум на верификација

03/01/2020

-

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content