Примарната цел на програмата ‘Козметичар за маникир и педикир‘’ е насочена кон стручно оспособување на учесникот во областа на козметичките услуги за маникир и педикир на осново ниво. Со помош на програмата, преку теоретска и практична настава, учесникот ќе се запознае со организацијата на работа во козметичките салони, со работниот простор, опремата и инвентарот, за што се наменети приборите алатите и другите средства за работа и како истите да се користат. Да научи да применува различни козметички постапки и процедури.Ќе се применува стручна терминологија и учесниците ќе бидат запознаени со работните задачи, со правилата за безбедност и заштита при работа и здравје.
Теоретскиот дел ќе биде реализиран од наставен кадар, согласно нормативотза наставен кадар за стручно образование, додека практичниот дел ќе биде рализиран од козметичар за маникир и педикир.
Обуката се одвива со времетраење од 3 месеци, односно 264часови или 22 часови неделно. Од кои 65часови или 30% теоретска настава, а 162часови или 60% практична натава, 37часови или 10% ќе бидат искористени за испитување и проверка на знаењето.
По завршувањето на 3 месечна обука се спроведува завршен испит, и по полагањето на истиот кандидатот се стекнува со сертификат за „Козметичар за маникир и педикир“.