Инструкторот по фитнес овозможува подобрување на физичката и здравствената состојба на групи и индивидуалци преку стручни вежби засновани на соодветни и прецизно изработени програми. Инструкторот по фитнес ја идентификува физичката способност на клиентите, ги усогласува нивните барања и желби, го креира и усогласува тренажниот процес со нивните можности, демонстрира вежби и разни техники за движење на телото, дава инструкции за правилно користење на опремата, ги води и дозира фитнес вежбите, ги оценува постигањата и напредокот на секој поединец и групата во целина, како и квалитетот на реализацијата на тренажниот процес
