Програмата има за цел да овозможи на учесниците да се стекнат со знаења и вештини,
односно компетенции од областа на дигиталниот маркетинг.
Со реализирање на Програмата учесниците ќе имаат компетенции да:
– подготвуваат околина за развивање на маркетинг стратегија (собираат потребни материјали и
ресурси, отвораат сметки на различни платформи и софтверски алатки);
– креираат предлог за изгледот на веб страната според последни трендови на пазарот, со цел
привлекување на потенцијални клиенти;
– прибираат лидови или потенцијални потрошувачи преку различни маркетинг методи;
– манипулираат со оптимизацијата на веб страните (on site и off site) со цел да го подигнат
рејтингот на веб страните на пребарувачите како што се Google, Bing, Yahoo;
– водат веб аналитика односно статистика на веб страна и прибираат резултати и извештаи од
истата;
– прибираат емаил адреси и креираат кампањи на платформите за овој тип на маркетинг,
односно емаил маркетинг кампањи;
– дефинираат начин за креирање и одржување на кампањи за рекламирање на социјалните
медиуми, како што се Facebook, Instagram, Twitter и LinkedIn;
– креираат и поставуваат платени реклами на пребарувачите и социјалните медиуми и
– користат блог и блог постови со цел да се дојде до поголема маса на потенцијални клиенти
Верификацијата истекува во октомври 19, 2026