Програмата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект и истата е со тримесечно времетраење, 320 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која пак, се изведува во кујни во ресторани и хотели. Oбуката ја изведуваат реномирани наставници со повеќегодишно искуство во училишта по соодветни наставни содржини и ренимирани готвачи во угостителски објекти и хотели. Во текот на обуката се врши формативно оценување на постигнувањето на целите во текот на обуката. Резултатите од обуката се евидентираат во портфолиото но учесникот.
Учесникот по успешното завршување на програмата лага завршен испит пред комисија. На добиената задача треба да даде образложение на потребни материјали средства за работа, опис на редоследот на операциите на она што ќе го подготвува и истото (јадење, предјадење или салата) да го аранжира во соодветни садови.
По успешно завршување на завршниот испит учесникот се стекнува со сертификат по верифицирана програма за ГОТВАЧ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ.
Програмата дава можност за вертикална проодност од повисоко ниво..