Програмата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект на национални јадења во Полошки Регион. Истата е со времетраење од 200 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која се изведува во кујни, ресторани и хотели. По успешното завршување на програмата учесникот ќе јаподготвува и организира работата, да комуницира со соработниците, да ја користи пропишаната работна облека, да одржува лична и работна хигиена во кујна, да составува листа на јадења и мени за редовните оброци, да познава карактеристики и значење на националните јадења од Полошки Регион, да приготвува готвени јадења со прехранбени продукти од различно потекло, ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основни сосови, јадења од месо кои се карактеристични од Полошки Регион, риби, прилози, вегетаријански и национални јадења, салати,да подготвува основни десерти и пекарски производи кои се автохтони од регионот, да сервира, декорира и испорачува јадења во соодветен традиционален инвентар, да води и ажурира евиденција за работа во кујната, да работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите, да извршува работи во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината, да применува права од работен однос и можности за отварање и водење на сопствен бизнис. На крајот на успешно реализираната обука учесникот ќе се стекне со сертификат заГотвач во угостителски објект на национални јадења во Полошки Регион.
