Готвач во угостителски објекти на национални јадења во ПолошкиРегион

Понудувачи на услуги

ОПИС НА ПРОГРАМА

Програмата овозможува работно оспособување за Готвач во угостителски објект на национални јадења во Полошки Регион. Истата е со времетраење од 200 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и се во функција на практичната обука која  се изведува во кујни, ресторани и хотели. По успешното завршување на програмата учесникот ќе јаподготвува и  организира работата, да комуницира со соработниците, да ја користи пропишаната работна облека, да одржува лична и работна хигиена во кујна, да составува листа на јадења и мени за редовните оброци, да познава карактеристики и значење на националните јадења од Полошки Регион, да приготвува готвени јадења со прехранбени продукти од различно потекло, ладни и топли предјадења, супи, чорби и потажи, основни сосови, јадења од месо кои се карактеристични од Полошки Регион, риби, прилози, вегетаријански и национални јадења, салати,да подготвува основни десерти и пекарски производи кои се автохтони од регионот, да сервира, декорира и испорачува јадења во соодветен традиционален инвентар, да води и ажурира евиденција за работа во кујната, да работи во согласност со нормативите и гарантира за квалитетот на работата и услугите, да извршува работи во согласност со прописите за заштита на работната средина и околината, да применува права од работен однос и можности за отварање и водење на сопствен бизнис. На крајот на успешно реализираната обука учесникот ќе се стекне со сертификат заГотвач во угостителски објект на национални јадења во Полошки Регион.

РЕЗУЛТАТИ ОД ПРОГРАМА

КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПРОГРАМАТА

Учесникот да има завршено најмалку основно образование

Возраст над 18 години, психофизички здрав и да поседува уреден санитарен преглед

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Времетраење на програма

Теорија

Вкупен број на часови

55

Пракса

145

Оценување

0

Вкупен број на часови

200

ЛОГИРАЈ СЕ

Skip to content