Главна цел на програмата е учесниците да се стекнат со знаења, вештини и компетенции за подготовка и послужување на кафе, подготвено со повеќе техники на разните видови кафе и повеќе начини на послужување на кафето, користење на топли и ладни безалкохолни и алкохолни пијалаци во комбинација со кафето.
Покрај основните работни задачи, учесниците ќе се обучат и како да ја чистат и проверуваат опремата пред и по употреба, како да ги подготвуваат и расчистуваат површините за послужување на кафе, напитоци и пијалaци, да ги применуваат прописите за одржување на хигиена и заштита при работа и да ги почитуваат ХАССАП стандардите, применувајќи мерки за здравје, безбедност и заштита при работа и заштита на животната средина. Исто така, учесниците ќе се обучат и стекнат комуникациски способности за комуникација со корисниците на услугите, љубители на добро кафе, комбинирано кафе, пијалаци и напитоци, приготвени од бариста според утврдени стандарди и норми за приготвување на соодветен угостителски начин. |
